Политика на приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Корисникот е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика закористење и заштита на информациите (во понатамошниот текст “Политика”).

Оваа политика на приватност се однесува само за www.Bakal.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.

Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.

Со вашата регистрација и најавување на нашата веб страна www.Bakal.mk, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

ПРИБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ

Bakal.mk има право да собира и користи податоци за Корисниците.

Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, електронска адреса, телефон за контакт, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на услугите на Bakal.mk веб-сајтот (достапни преку www. Bakal.mk).

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни побараната нарачка.

Покрај погоре наведените информации, Bakal.mk има право (но не и обврска) автоматски да зачувува одредени информации кои компјутерот или терминалниот уред ги испраќа до Серверите на Bakal.mk во врска со Корисничката активност.

Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на Bakal.mk и може да опфаќаат информации за веб-страници на Bakal.mk веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на Bakal.mk веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку линкови кои се презентирани на Bakal.mk веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на Bakal.mk директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на Bakal.mk веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на Bakal.mk веб-сајтот, итн.

Овие информации не се поврзани со информациите што го идентификуваат индивидуалниот Корисник и се користи за истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените услуги, Bakal.mk може да ги чува и обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата или користењето на услугите.

Покрај тоа, Bakal.mk собира лог-датотеки (датум, време и соодветно извор – IP адреси) кога тоа е според важечки закон, како и лог-датотеки и сите други информации кои се неопходни за електронска репродукција на изјавите што ги дава Корисникот при користење на услугите (на пример прифаќање на Условите за користење, итн), но и идентификација на Корисникот во случај на спор.

Вашите лични податоци ние ги користиме во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

www. Bakal.mk. не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.

Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Банката.

Кога како начин на плаќање ќе изберете плаќање со платежна картичка, наплатата ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од платежни картички на Банката којшто користи најнова технологија за заштита на вашите податоци.

Бројот на вашата картичка се испраќа преку сигурна конекција до Банката и веднаш по завршувањето на трансакцијата се брише.
www. Bakal.mk воопшто не доаѓа во контакт со бројот на вашата платежна картичка, ниту пак за тоа има потреба.

ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери.

Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Банката која е серфитицирана за процесирање на трансакции.

Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од вашата платежна картичка.

услуги ПОВРЗАНИ СО ТРЕТИ СТРАНИ

Bakal.mk може да им овозможи на трети страни, како Facebook, Inc, да објават на своите веб-сајтови јавно достапни содржини од производи и фирми на Bakal.mk веб-сајтот.

Таквите содржини не смеат да содржат лични податоци и се ограничени само на информации за правни лица.

Покрај тоа, по своја волја, Корисникот, на Bakal.mk веб-сајтот може да сподели (преку Facebook-услугата за поврзување, на пример) информации кои се јавно достапни на други веб-сајтови, вклучувајќи и информации за поврзаност на Корисникот со други веб-сајтови (на пример, пријатели и листи на контакти).

Оваа политика не се применува за информации за Корисникот и неговите/нејзините пријатели кои се зачувани на други веб-сајтови.

Собирањето, складирањето, заштитата и обработката на тие информации е предмет на условите на тие – други веб-сајтови.

Доколку Корисникот не сака неговите/нејзините пријатели, контактите и другите информации за Корисникот што се достапни на другите веб-сајтови да бидат достапни на Bakal.mk веб-сајтот, тогаш Корисникот има можност да ги измени подесувањата за приватност на неговата/нејзината сметка на другите веб-сајтови.

КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Bakal.mk има право (но не и обврска) на компјутерот на Корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња – мали текстуални датотеки кои се зачувани на некоја интернет страница преку интернет сервер на хард дискот на Корисникот и дава можност за обновување на информациите за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат сајтовите/страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарува.

При обезбедувањето на услугите, Bakal.mk задржува информации и добива пристап до информациите и процесите кои се зачувани на терминалниот уред на корисникот со цел:

  • На Корисникот да му обезбеди нормален и квалитетен пристап до услугите, заедно со сите функционални можности да провери присуство на скрипти, софтверски апликации и подесувања на терминалниот уред на корисникот, кои се неопходни за нормален пристап и користење на услуги и да ги извести него/неа доколку ги нема. -Да следи и да се спречи користење на мулти-сметки (регистрирање и користење на повеќе Кориснички сметки од страна на истото лице) со злонамерни дејствија.
  • Визуализира и не-визуализира елементи од веб-сајтот Bakal.mk за кои има посебни барања кои се или не се компатибилни на одредени карактеристики, квалитети или опции на терминалниот уред на Корисникот (на пример: широчина на екран, резолуција и други).
  • Да ги прилагоди услугите и да обезбеди автоматско прикажување или криење на различни елементи од веб-сајтот , Bakal.mk во согласност со желбите и подесувањата на корисникот.
  • Да ги рекламира и истражува преференците на Корисникот.

Колачињата кои ги користи Bakal.mk не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.

Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.

Корисникот има право во секое време да го одбие зачувувањето и/или пристап до информациите кои се зачувани на терминалниот уред кој го користи Корисникот.

Забраната и/или бришењето на колачињата од страна на Корисникот може целосно или делумно да му оневозможи на Корисникот да пристапи до Bakal.mk веб-сајтот и/или услугите, да ги промени или отстрани преференциите што Корисникот претходно ги поставил на веб-сајтот Bakal.mk и/или значително да го влоши квалитетот на услугите, за што Bakal.mk не презема одговорност.

Корисникот има право во кое било време од Bakal.mk да добие информација за податоците кои се зачувани на неговиот терминален уред, со испраќање прашање до Bakal.mk на следната e-меjл адреса: [email protected] .

Bakal.mk користи два вида на колачиња – “привремени” (кои се избришани од меморијата на терминалниот уред на корисникот кога корисникот го затвора интернет прелистувачот) и “постојани” (кои се зачувуваат на терминалниот уред на корисникот додека тој /таа не ги избрише).

Корисникот може да ги отстрани постојаните колачиња според инструкциите на интернет прелистувачот што го користи.

Колачињата што ги користи Bakal.mk содржат идентификациски број кој помага при идентификацијата на Корисникот.

Колачињата може да се инсталираат, исто така, и од страна на трети лица со цел да се рекламираат стоки и услуги кои можат да бидат интересни за Корисникот кога тој/таа го посетува веб-сајтот Bakal.mk и другите веб-страници.

Bakal.mk нема пристап или контрола врз употребата на колачињата.

Овие колачиња, исто така, собираат информации за начинот на користење на веб-страница Bakal.mk, како на пример кој веб-сајт го пренасочил Корисникот кон веб-сајтот Bakal.mk, кои интернет страници од веб-сајтот Bakal.mk ги посетил Корисникот, информации за посетите на Корисникот на други веб-сајтови, но не прибира информации како што се имиња, e-пошта адреси, други информации за контакти или други лични податоци кои би му овозможиле на некое трето лице да го идентификува Корисникот и да стапи во контакт со него/неа.

Лица кои ги обработуваат податоците во име на Bakal.mk (Дата процесори)

Со цел да се изврши техничка поддршка и администрирање на веб-сајтот Bakal.mk и информациите да се обработуваат заради статистики и маркетинг цели, при вршење тестирања и сондажи за работата на веб-сајтот Bakal.mk, кога се прават плаќања и се користат други услуги поврзани со веб-сајтот Bakal.mk, личните податоци и другите информации за Корисникот може да им се откријат и да се обработуваат од трети лица на кои Bakal.mk им ја доделил изведбата на одредени услуги поврзани со веб-сајтот Bakal.mk.

Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само до одреден степен и обем, кој е неопходен за да се изврши доделената работа.

Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како Дата процесори во име на Bakal.mk.

Дата процесорите се запознаени дека информациите што се предмет на Законот за заштита на лични податоци.

Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само и единствено согласно строгите инструкции на Bakal.mk и ќе немаат право личните податоци на Корисниците да ги користат или обработуваат на кој било друг начин за други цели, освен за целите што се наведени во Условите за користење и оваа Политика.

ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Со прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува неговите/нејзините лични податоци да се обработуваат за директен маркетинг.

Корисникот има право во секое време да се спротивстави на понатамошно обработување на неговите/нејзините лични податоци за директен маркетинг, со испраќање писмено известување до Bakal.mk на наведената контакт адреса или е-пошта.

Корисникот има право да биде информиран пред неговите/нејзините лични податоци за прв пат да се откријат на трето лице или истите да се искористат во нивно име за директен маркетинг, како и да му се даде можност да се спротивстави на таквите откривања и употреби.

ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Bakal.mk се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за Корисникот или за неговото/нејзиното користење на услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица – надлежни органи, компании, поединци и други, освен:

  • кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење или кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна.
  • кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на Bakal.mk.
  • кога информациите ги бараат државни власти, судски власти или службени лица, кои согласно важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви информации во согласност со законските процедури и прописи.
  • кога откривањето на личните податоци од страна Bakal.mk е неопходно заради заштита на правата, правните интереси и угледот на Bakal.mk, т.е кога тоа е поврзано со лицата од Bakal.mk или Корисниците.
  • кога информациите им се откриваат на вработените или соработниците на Bakal.mk заради активности поврзани со администрирање на Bakal.mk и користење на услугите.
  • во други случаи утврдени со закон.

ПОЛИТИКА ЗА ЛИЦА ПОД 18 ГОДИНИ

Bakal.mk веб-сајтот не е наменет за лица под 18 години. Bakal.mk нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години.

Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат Bakal.mk.

ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот.

Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.

КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на [email protected] .