Како работи Bakal.mk?

Bakal.mk е онлајн супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу:

Направи избор на производи

Направете избор на саканите производи со додавање во кошничката. Количината може да ја одредите пред да притиснете “Додади во кошничка” или дополнително во самата кошничка. Производите може да ги најдете користејќи го пребарувачот во горното мени или со листање низ категориите.

Избери термин за достава

По изборот на производи, преминувате на “Види корпа” потоа “Продолжи кон наплата” внесувате ваши податоци и адреса , во полето “Забелешки на нарачка” напишете термин кога сакате производите да бидат на вашата адреса за достава и со притискање на “Направи нарачка” преминувате кон внесување на податоците од вашата платежна картичка.

Примена нарачка

По извршената наплата, нарачката е примена и се подготвува за доставување. Ќе добиете известување на емаил за статусот на вашата нарачка.

Доставуваме до вашиот дом

Подготвената нарачка ќе биде доставена во одбраниот термин на наведената адреса.
Намирниците ќе бидат свежи, спакувани и соодветно оладени.