Достава на производи

Доставата на вашите нарачки се врши преку нашите возила и истата се врши до секое населено место во Битола и околината.

Цената за достава во Битола е 50 денари за вкупна нарачка до 500 денари, а за нарачките кои ја надминуваат сумата од 500 денари, ДОСТАВАТА Е БЕСПЛАТНА.

Во Битолската околина (Села) се врши БЕСПЛАТНА ДОСТАВА за нарачки од минимум 3000 денари . За помал износ на нарачка наплатуваме 15 ден од километар.

Доставата на производот се врши во рок од максимум 4 часа од нарачката секој работен ден вклучително и сабота и недела од 09:00 до 20:00.

Доколку сакате испораката да биде во термин кој вас ви одговара напишете во коментар при вршење на вашата нарачка точно саат кога сакате да ја добиете пратката на вашата адреса.

Доставата не се врши во денови кои се прогласени за неработни ( државни и верски празници ).

ЛИЦА ВО ДОМАШНА САМОИЗОЛАЦИЈА – За лицата кои се во самоизолација не вршиме достава на намирници.

Ве молиме доколку сте во самоизолација да ни наведете во коментар или телефонски да не исконтактирате .

Секоја ваша нарачка пред да биде доставена е уредно и безбедно спакувана за да не може да дојде до оштетување на истата.

Купувачот е должен да го провери производот веднаш откако ќе му биде доставен и доколку увиди било каков недостаток или оштетување на истиот должен е веднаш да пријави на лицето кое ја доставило пратката.

Bakal.mk не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.

Купувачот има право на рекламација за производи купени на нашата страна во следниве случаи:

  • Kога се испорачани производи кои не се нарачани;
  • Kога се испорачани производи кои имат грешка или оштетувања кои настанеле при транспортот или од производителот.

Доколку имате потреба од повеќе информации слободно контактирајте не на 075 494 855 или на email [email protected]